Алкохол наместо аплауз: Пет илјади шишиња шампањско за здравствени работници во Франција

Од Унијата на произведувачи на шампањско во Франција најавија дека следниот месец ќе дадат на подарок пет илјади шишиња од овој пијалок во знак на благодарност кон здравствените работници кои го носат најголемиот товар во борбата против коронавирусот – пренесува CNN.

Шампањското е симбол на успех, на заеничка радост и славење. На овој начин произведувачите сакаат да ја искажат својата благодарност кон оние кои спасуваа животи во болниците во текот на најтешките денови на епидемијата – се наведува во соопштението од Унијата на произведувачи на шампањско.

Инаку, претходно BBC пренесе дека француските здравствени работници протестирале пред болницата Rober Debre во Париз, при што се казнети педесетмина од нив, а тројца се уапсени. Демонстрантите барале државата да издвои повеќе финансиски средства за болниците кои според објавите во француските медиуми, се соочуваат со финансиски потешкотии, а полицијата интервенирала бидејќи наводно не ги почитувале мерките за задолжително дистанцирање додека епидемијата се’ уште е актуелнa.

 

Scroll to Top