Америка за прв пат се најде на листата земји најопасни за новинарите

Соединетите Американски Држави за прв пат во историјата се најдоа на листата на најопасни земји за новинарите пишува Standard.

Покрај САД на листата најопасни земји за новинарите се најдоа и Авганистан, Сирија, Индија и Мексико. Новинарите биле убивани во земји како Индија, Мексико и САД, каде не се одвива војна и во нив не се случува некаков посериозен конфликт.

На списокот на најопасни земји за новинарите се најдоа и Централноафриканската република, Јемен, Бразил, Колумбија и Израел.

Причината поради која Америка се најде меѓу најопасните средини за медиумските работници се пукањата во Анаполис на 28 јуни кога беа убиени шест лица меѓу кои и новинари на весникот „Капитол газет“.

Во 2018 година биле притворени 348 новинари ширум светот. Оваа бројка е зголемена во однос на минатата година кога биле притворени 326 новинари.

Во Кина, Турција, Иран, Саудиска Арабија и Египет се наоѓаат повеќе од половината притворени новинари. Во светот во 2018 година биле убиени 80 новинари, додека ја извршувале својата работа. Во 2017 година бројката на загинати изнесувала 65 лица, е наведено во годишниот биланс на организацијата „Репортери без граници“.

Меѓу жртвите се и 63 професионални новинари, што е за 15% повеќе од претходната година. Како што наведува организацијата „Репортери без граници“, во 2018 година, настрадале 13 непрофесионални новинари, во однос на седумината претходно и четворицата соработници на медиумите.

Scroll to Top