Американка спаси 100 бездомници од смрт

Американката Кендис Пејн изнајмила 30 хотелски соби за да згрижи повеќе од 100 бездомници во Чикаго минатата недела, кога температурите паднаа и до минус 40 степени. 34-годишната Кендис за „Њујорк Тајмс“ раскажала дека одлуката ја донела импулсивно оти сфатила дека тие немаат избор освен да останат надвор на студот, а дека некои од нив можеби нема да ја преживеат ноќта.

„Знаев дека морам да направам нешто, не можев да дозволам да се смрзуваат“, рекла таа.

Кендис Пејн

Кендис се јавила во неколку хотели и нашла 30 празни соби во хотелот „Амбер ин“. Секоја соба чинела 70 долари од ноќ, па откако платила, преку „Инстаграм“ побарала поддршка од нејзините следбеници.  Набрзо потоа во хотелот дошле доброволци, некои луѓе донирале пари, а некои донеле храна, облека и ќебиња. Откако се дознало за акцијата на Кендис, и други луѓе почнале да плаќаат за хотелски соби, па од хотелот велат дека во моментов во 60 соби се сместени бездомници.

Кендис, пак, добила околу 10.000 долари во донации, што е доволно за сместување и храна на бездомниците уште во следните неколку дена. Таа за „Њујорк тајмс“ рекла дека се надева дека луѓето и понатаму ќе донираат за бездомните лица да не мора да се вратат на студот.

 

Scroll to Top