Американска држава нуди по 10.000 долари за секој што ќе се пресели во неа

Соочена со негативните демографски трендови, американската сојузна држава Вермонт е подготвена на секој Американец што живее во другите сојузни држави да му исплати по 10.000 долари за преселба.

Во споменатиот износ вклучени се трошоци за преселба, интернет за новите жители на државата, како и административните трошоци. Самата награда за преселба во Вермонт изнесува 5.000 долари.

„Сметаме дека како држава сме добро позиционирани, особено за оние што сакаат подобро да ја организираат својата работа на далечина“, изјавил Мајкл Ширлинг, кој ја образложил одлуката на администрацијата на Вермонт.

Ширлинг, челникот на локалната Агенција за трговија и развој на заедницата, изразил и очекување дека понудата ќе биде мотив за преселба на семејствата. Еден член може да работи на подалечно работно место, а другите да пронајдат работа во Вермонт.

На ваквиот потег Вермонт се одлучил по зголеменото стареење на населението и намалувањето на бројот на оние што плаќаат даноци. Со 623.000 жители Вермонт е американска сојузна држава со најмал број жители и е меѓу шесте држави со најмала територија.

Со наградувањето на доселениците Вермонт ќе почне в година да биде тест-држава со цел да се видат ефектите од ваквата одлука, изјавил Мајкл.

Иако гувернерот на Вермонт, Фил Скот, потпишал закон за поттик за иселување со основни критериуми, кои заинтересираните треба да ги исполнат за да добијат помош, се очекува од Агенцијата за трговија и развој дополнително ги разгледаат условите за добивање поттик.

Вермонт е подготвен да прифати само вработени со полно работно време за компанија чие седиште е надвор од Вермонт и кои извршуваат работа во станбен или деловен простор на далечина.

Властите од оваа сојузна држава се надеваат дека програмата би можела да ги мотивира и оние што во моментот се школуваат во Вермонт. Тие се надеваат дека по добиената диплома, овие лица ќе останат во државата.

 

 

 

Scroll to Top