Американците ги украсуваат домовите со новогодишни сијалички за подобро расположение во изолација

Американците на интернет деновиве почнаа да споделуваат фотографии од нивните домови, украсени со новогодишни сијалички во март. Откако на „Твитер“ се појавија празничните слики, сè повеќе Американци почнаа да си ги украсуваат домовите за да го подобрат расположението додека се во изолација.

„Мојот најмлад син се досадуваше дома и одеднаш му текна идеја: ‘Може ли да ги ставиме новогодишните сијалички на дрвото во дворот за да нè расположат?’. Одлична идеја. Сијаличките ќе светат и ноќеска, како знак на надеж и нежната мисла на мојот 10-годишен син“, напиша на Твитер Мајк Грифин, кој ја почна оваа иницијатива.

„Доаѓаат мрачни времиња, но сè уште можеме да му пратиме љубов и осветлување на светот“, „Некој спомена враќање на новогодишните сијалички со цел да се расположат луѓето во карантин, изолација, или едноставно за да се потсети светот дека сè уште има светлина и надеж. Еве го и мојот придонес“, се само дел од коментарите на споделените фотографии.

https://twitter.com/apernywatkins/status/1240091632755752960?

Scroll to Top