Ансаблот „Танец“ растури во Австралија

Во Мелбурн  ансамблот Танец го одржa првиот концерт од австралиската турнеја во 2019 година. Пред присутните гостиво салата Melbourne Recital Hall ансамблот „Танец“ се претстави во најдобро издание со свои изворни ора и песни од Македонија. Оркестарот беше под раководство на маестро Милан Завков. За време на концертот од публиката постојано пристигнуваа аплаузи и овации, а најзабележителен беше моментот кога настапи легендарната Сузана Спасовска со песната „Земјо македонска“.
Концертот помина во одлична атмосфера, а естрадните уметници од македонскиот ансамбл
„Танец“ кои се под раководство на Мартин Вучиќ и овој пат  покажаа како се ужива во звуците на традиционалната македонска музика.

Scroll to Top