„Архангел“ со концерт на „Таксират“ ќе прослави 30 години постоење

Со концерт на 11 октомври, групата „Архангел“ ќе одбележи три децении постоење, а истовремено ќе го најави и 22. издание на музичкиот фестивал „Таксират“. Концертот на „Архангел“ ќе се одржи под името „30 години љубов“ во А1 арената во Скопје.

Организаторот „Пасворд продукција“ откри дека ова е првиот во многуте концерти што ќе бидат дел од годинашниот „Таксират“. Согласно протоколите за големи собирања и на концертот на „Архангел“ ќе мора да се носат маски, да се одржува растојание, а бројот на билети ќе биде ограничен и ќе се продаваат само влезници за седење.

Scroll to Top