Астронаутите откриваат како мириса вселената

Списанието Discover Magazine, кој објавува текстови за вселената и вселенските истражувања, неодамна направи анкета меѓу астронаутите кои откриваат како мириса вселената. Според повеќето од нив, вселената мириса на храна. Некои велат дека таа миризба потсетува на зачинет бифтек, други велат дека намирисале нешто налик на мирисот на метални предмети, додека трети тврдат дека почувствувале сладок мирис на малина или рум.

Стручњаците велат дека во моментите додека се астонаутите во вселената, миризбите се впиваат во нивните костуми, а истите може да се почувствуваат дури откако ќе влезат во вселенската станица. Стивен Пирс, хемичар од НАСА, кој своевремено бил ангажиран да го создаде вселенскиот мирис тука на Земјата за да им помогне при обуката на астронаутите, вели дека мирисот на метал може да доаѓа од високоенергетските вибрации на јони. Она што го надразнува сетилото за мирис се полициклички ароматски јаглеводороди, кои се формираат при согорувањето на ѕвездите. Овие соединенија исто така може да се најдат и на Земјата, како на пример кај сланината и истите се сметаат за канцерогени.

Пред три години, откриено е дека „Стрелец Б2“, голем облак од прашина во Млечниот Пат, содржи молекули на етил, соединение што остава впечаток дека вселената мириса на малина или на рум.

Астронаутот Дон Петит пред десет години изјавил дека секој пат кога ќе го притиснел воздушниот отвор и ќе влезел во станицата да се поздрави со работниците внатре, секогаш чувствувал различна миризба.

„Врз основа на миризбата од нивните одела, кациги, ракавици, претспоставував дека доаѓале од различни вселенски канали. Мирисот е значително поизразен на ткаенините, отколку на металните и пластичните површини. Тешко е да се опише тој мирис. Можеби е најсличен со мирисот на некоја храна, како на пример пилешкото. Исто така, имам почувствувано и мириси на различни метали кои ме враќаа во детството, кога преку летниот период заварував железо“, тогаш изјавил Петит.

Scroll to Top