Атлетичарката Марјана Наумова до Шварценегер: Те молам најди ги и препрочитај ги писмата од децата од Донбас од 2015

Руската атлетичарка Марјана Наумова во видеопорака што ја објави на на официјалниот твитер-профил на руското Министерство за надворешни работи му одговори на Арнолд Шварценегер, откако тој неодамна преку видео се обрати до рускиот народ и претседателот Владимир Путин и апелираше за итен прекин на вооружениот конфликт во Украина, со порака дека го сака рускиот народ.

Наумова во видеото објаснува дека во 2015 година кога победила на натпревар во кревање тегови имала можност да се запознае во Шварценегер, кој ѝ бил идол.

Таа му порача дека тој не реагирал на страдањата на руските деца во Донбас во периодот на 2014-2022 година, иако таа му дала писмо од децата.

Scroll to Top