„Аватар“ повторно е филм со најголема заработка на сите времиња

Популарниот филм „Аватар“ го надмина филмот „Одмаздници: Крајна игра“ и повторно е на врвот на листата на филмови со најголема заработка, во киносалите ширум светот.

Научно-фантастичната акција на Џејмс Камерон излезе во 2009 и цела деценија беше крал на киноблагајните, пред да биде надминат во 2019 од најуспешниот филм од Марвел „Одмаздници: Крајна игра“.

Откако повторно беше објавен на најголемиот кинопазар на светот, „Аватар“ викендов ја надмина заработката од 2,8 милијарди долари, а со тоа го надмина и филмот за суперхероите кој држеше рекорд за 2,79 милијарди долари.

Продуцентот на „Аватар“, Јон Ландау, истакна дека филмската екипа е многу задоволна што повторно се на првото место, но и дека биле многу посреќни затоа што филмот успешно се прикажуваше во киносалите и покрај пандемијата на коронавирусот и дека им се благодарни на сите кои решија да го погледнат.

Камерон моментално работи на четири продолженија на „Аватар“, чие излегување беше поместувано неколку пати уште пред пандемијата. Според последните најави, следниот филм треба да има премиера во декември 2022.

Дури и од Марвел објавија честитка до Камерон за новиот рекорд.

„Честитки до Џејмс Камерон, Џон Ландау и целата нација на На-Ви за превземање на круната“, напишаа тие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marvel Studios (@marvelstudios)

Scroll to Top