Авиокомпанија раздвоила геј пар

Авиокомпанијата „Алјаска ерлајнс“ е обвинета дека на еден свој лет раздвоила геј пар за хетеро пар да може да седи заедно.

Дејвид Кули на својот фејсбук-профил напишал дека летал од Њујорк до Лос Анџелес и дека при таа пригода неговиот партнер бил замолен да го отстапи местото на еден друг пар, хетеросексуалци, за тие да можат да седат заедно во текот на патувањето.

„Никогаш не сум бил вака дискриминиран во текот на патот“ – напишал Кули, кој додал дека е понижен поради тоа и присилен да го напушти авионот.

Парот веднаш ја променил авиокомпанијата, а напоменале дека никогаш повеќе нема да бидат патници на „Алјаска ерлајнс“ или „Вирџин ерлајнс“.

На социјалните мрежи веднаш почнале да се нижат коментари, а овој пар добил поддршка.

„Јас сум стрејт личност, но во иднина ќе патувам само со оние компании кои не ги дискриминираат патниците. Срамота за ‘Алјаска ерлајнс’, за која верував дека е сосема коректен превозник“ – гласел еден од коментарите.

 

Претставниците на оваа компанија не го коментирале овој настан.

Scroll to Top