Австралиец минал 19 години во затвор за убиство кое не го извршил

Австралиецот Дејвид Истман (74) минал 19 години во затвор, за убиство кое никогаш не го направил. Дејвид во 1995 година бил осуден на доживотна казна поради наводно убиство на полицаецот Колин Винчестер, а по повтореното судење, тој е прогласен за невин и доделени му се 4,8 милиони долари оштета.

По низата поднесени жалби на неговата одбрана, било утврдено дека Дејвид не добил чесно судење, па во повторениот процес кој се случил минатата година, тој е прогласен за невин. Тој пред судот се изјснил дека поради времето кое го минал во затвор, немал можност да создаде семејство ни кариера. Неговите мајка и двајца помлади браќа во меѓувреме починале.

„Изгуби значаен дел од животот. Тоа е нешто што никој не може да му го врати“, изјавил адвокатот на Дејвид, Сем Тирни.

Убиството на полицаецот и понатаму останува нерешено. Истман претходно бил обвинет дека во 1989 година, го убил припадникот на Австралиската федеративна полиција, Колин Винчестер. Полицаецот бил застрелан двапати во глава пред неговата семејна куќа во Канбери.

Истемн кој тогаш работел како државен службеник, бил осомничен затоа што во повеќе наврати му се заканувал на убиениот. Тој 19 години ги минал во затвор, а во повеќе наврати поднесувал жалби. Истите му биле одбиени во 1999, 2000, 2001, 2005 и 2008 година. Последен пат во 2014 година, судот му ја уважил жалбата и било одлучено дека Истман претрпек огромна неправда и дека биле користени погрешни докази во судскиот процес.

Scroll to Top