Австралиските пиварници принудени да истурат милиони литри неиспиено пиво

 

„Лајон“, една од најголемите австралиски пиварници, објави дека ќе истури 90.000 буриња пиво.

Тие биле собрани од пабови и барови во март откако владата ги затвори сите угостителски објекти за да се спречи ширењето на коронавирусот и во меѓувреме им истекол рокот на траење. Пивото ќе биде преработено во биогас во погонот за третман на отпадни води, што потоа ќе се искористи за производство на ново пиво.

Се проценува дека ќе пропаднат 4,7 милиони литри пиво, доволни да се наполнат речиси два олимписки базена.

„Воведувањето на карантинот беше најболниот ден во историјата на нашата индустрија“, изјави портпаролката на „Лајон“.

И други големи и помали пиварници во Австралија се соочуваат со ист проблем. Според Пиварската асоцијација на Австралија, продажбата на пивото на големите брендови е намалена за 35% во споредба со лани. Загубите на помалите пиварници се уште поголеми и изнесуваат околу 70%.

Scroll to Top