Баклава за Гинис

Четиринаесет готвачи во Турција направија баклава тешка 518 килограми. Со тоа го соборија светскиот рекорд и влегоа во Гинисовата книга на рекордите. Групата ја предводеше Мехмер Канбур, кој рече дека баклавата ја правеле цели шест месеци.

Испечена е во 2,5 метра широка и 7,5 метри долга тепсија, во специјално направена печка.

„Нашата порака за светот е – јадете слатко и зборувајте слатко“, рекол Канбур за медиумите во Анкара.

Scroll to Top