Бали ќе остане затворен за странски туристи до крајот на годината

Индонезискиот остров Бали објави дека нема да прима странски туристи до крајот на 2020 година поради коронавирусот. Властите на една од најпопуларните туристички дестинации на светот претходно најавија дека на странците ќе им биде дозволен влез од следниот месец, но плановите сега се откажани поради зголемниот број нови случаи на коронавирус во земјата.

„Ситуацијата во Индонезија не е погодна за да им дозволиме влез на странските туристи, вклучувајќи го и Бали“, изјави гувернерот на островот, Вајан Костер.

Ова ќе влијае најмногу на локалната економија за која туризмот придонесува со 80 % бидејќи милиони странци доаѓаат на Бали секоја година. Владата уште во април процени дека индонезискиот туризам оваа година ќе изгуби 10 милијарди долари поради кризата предизвикана од коронавирусот, но оваа бројка по последната одлука за границите да останат затворени ќе се влоши уште повеќе.

Scroll to Top