Барак и Мишел Обама ќе снимаат нов филм со „Нетфликс“

Поранешната американска претседателска двојка Барак и Мишел Обама работат на нов проект на „Нетфликс“. Ова е нивни втор филм, откако освоија Оскар со документарецот „Американска фабрика“.

Американските медиуми пренесуваат дека продуцентската компанија на Мишел и Барак Обама, Higher Ground,  ќе продуцира филмска адаптација на романот Exit West на пакистанскиот писател Мохсин Хамид.

Ова го привлече вниманието на „Нетфликс“, што ќе го ко-продуцира заедно со режисерите на „Одмазници: Завршница“, Џо и Ентони Русо, кои работат на проектот од 2017 година.

Браќата Русо ги стекнаа правата за адаптација на романот во август 2017 година, само пет месеци по неговото објавување во САД. Во тоа време беше соопштено дека Мортен Тилдум, кој е најпознат по својата работа за историската драма на „Имитациска игра“ ќе биде режисер, а сценариото ќе го напиша Џесика Голдберг.

Scroll to Top