Бебето од албумот „Невермајнд“ пак ја тужи „Нирвана“ иако веќе изгуби на суд

By

Спенсер Елден, кој како бебе беше фотографиран гол за обвивката на албумот „Невермајнд“ на „Нирвана“, поднесе нова тужба против рок-бендот за сексуална експлоатација. Неговиот случај пред десет дена веќе беше отфрлен од Судот во Калифорнија.

dobivaj vesti na viber

Елден првпат поднесе тужба лани во август и бараше отштета од 150.000 долари од секој од 15-те обвинети:  поранешните членови на бендот, Дејв Грол и Кристо Новоселиќ, како и наследниците на починатиот пејач Курт Кобејн и фотографот Кирк Ведл.

Во оригиналниот судски поднесок, неговиот правен тим тврдеше дека ниту Елден, ниту неговите законски старатели не потпишале овластување за употребата на какви било слики од Спенсер, ниту за комерцијална детска порнографија во којашто тој е прикажан. Според американскиот федерален закон, жртвите на сексуална злоупотреба на деца можат да тужат секого којшто ги произведува, дистрибуира или поседува материјалите.

На 3 јануари Судот ја отфрли тужбата на Елден бидејќи неговиот правен тим не одговорил навреме на крајниот рок за еден од поднесоците. Елден доби 10 дена да поднесе нов случај, и тој тоа го направи вчера.

Ќе ви се допадне