Бебињата плачат и во стомакот

Експертите од Универзитетите Дурам и Ланкастер велат дека бебињата си го цицаат палецот пред раѓањето, а истражувањата покажале дека додека се во стомакот на мајката тие плачат.

Бремените жени често се жалат дека бебињата клоцаат во стомакот, но и дека се радуваат кога чувствуваат дека се движат, потсетувајќи ги дека се таму. Експертите велат дека тие уште пред раѓањето бебињата го цицаат палецот, што често се забележува на ултразвукот. Истражувањата покажале и дека додека се во стомакот, бебињата вежбаат комуникациски вештини.

Научниците користеле ултразвук и ги гледале бебињата, проучувајќи ги сите изрази на лицето пред раѓањето. Потоа виделе дека тие прават сложени изрази, како што се спуштање на веѓите и собирање на носот.

„Тоа е од витално значење за бебето за да може веднаш по раѓањето да покаже ако нешто го боли“, рекол д-р Ризланд од Универзитетот Дурам. „Сé уште немаме утврдено дали плачливите изрази на лицето што ги прават значи дека навистина нешто ги боли или само ‘вежбаат’ за витинските болки“, додал тој.

Scroll to Top