„Беби шарк“ е прво видео со над 10 милијарди прегледи на „Јутјуб“

Видеото за детската песна Baby Shark е прв спот што има над 10 милијарди прегледи на „Јутјуб“. Ова видео во 2020 година првин стана најгледаната снимка на сите времиња, а песната сега дојде и до бројка од десет милијарди прегледи.

Песната ја пее Хоуп Сегоин, а мелодијата била популарна во Јужна Кореја уште од 2016 година.

Во САД таа стана популарна во 2019 година, а веќе во 2020 година стана апсолутен хит во целиот свет.

Scroll to Top