Белградските студенти што ќе се вакцинираат ќе добиваат влезници за „Егзит“

За да ги мотовира и помладите граѓани да се вакцинираат, Градот Белград подготви различни подароци за своите жители. Така, заменикот градоначалник Горан Весиќ најави дека за студентите кои ќе примат вакцина против Ковид-19 ќе има влезници за театарски претставни, но и за фестивалот „Егзит“.

Весиќ вели дека досега во Белград се вакцинирани 721.000 лица.

„Нашата цел е до крајот од јуни да имаме 750.000 вакцинирани. Втора доза имаат примено 624.000 луѓе. Задоволни сме од степенот на вакцинација“, рекол тој.

Scroll to Top