Берта од „Два и пол мажи“ доживеа срцев удар

Глумицата Кончата Ферел (77), позната по улогата на Берта во серијата „Два и пол мажи“, доживеала срцев удар пренесе нејзиниот сопруг. Арни Андерсон во јавноста изјавил дека Ферел доживеала срцев удар откако претходно во мај се разболела и била хоспитализирана.

„Мојата сопруга Берта, која веќе четири недели се наоѓа на интезивна нега, во меѓувреме доживеа срцев удар“, изјавил Андерсон.

Арни вели дека ударот траел околу 10-ина минути. Од неодамна Ферел била префрлена во друга болница, а сега лекарите ја ставиле на респиратор и на дијализа.

Лекарите велат дека нејзината состојба е стабилна и дека таа е полусвесна и не е во состојба да говори или комуницира.

Арни вели дека таа често зборува со медицинската сестра што ја негува, затоа што тој не може да ја посети поради мерките за заштита од коронавирусот. Лекарите велат дека Ферел не боледува од Ковид-19.

„Ќе помине време додека да закрепне. Тоа е невролошка работа. Не постои нешто што може да го забрза процесот. Се надеваме на најдоброто“, изјавил Арни.

 

Scroll to Top