Бесплатни фризури за децата од Домот „11 Октомври“

Неколку штитеници од Домот за деца без родители „11 Октомври“ од Скопје добија бесплатно потстрижување во фризерското студио „Станче“ пред почетокот на учебната година. Сопственикот на студиото, Тоше Кипријанов, и неговите вработени ги потстрижаа момчињата во просториите на домот и неколку часа се дружеа со нив.

„Отсекогаш сум одел во Домот да ги потстрижувам децата. А бидејќи сите деца се средуваат пред почетокот на школската година, решивме и овие деца да ги направиме среќни“, рече Тоше за „Репортер“.

Штитениците од Домот „11 октомври“

Освен момчињата од Домот, бесплатно потстрижување доби и Спасе Богоевски, 15-годишното момче кој лани за само неколку месеци ги изгуби двата родители.

„Ако си хуман, биди хуман до крај“, стои покрај фотографиите што од фризерското студио ги споделија на социјалните мрежи.

(А.Ј)

Тоше и Спасе Богоев
Scroll to Top