Безос и Маск ќе водат битка во трката за пат до Месечината

Американската вселенска агенција НАСА побара од трите приватни компании да почнат изработка на своите лунарни лендери, (вселенски летала) од кои, оној кој ќе биде најдобар, прв ќе ги води луѓето на пат до Месечината.

Како што пренесува лондонски „Индипендент“, НАСА одбрала три компании кои ќе ги развиваат своите вселенски летала, а во рамки на планот за испраќање на астронаут на Месечината во 2024 година, а кој ќе се користи како база за продолжување на патот кон Марс.

Компанијата која ќе ги пријави своите летала се калифорнискиот SpaceX, кој го предводи Елон Маск, компанијата Blue Origin, од Вашингтон, која ја основаше директорот на „Амазон“, Џеф Безос и Dynetics од Алабама.

Во наредните 10 месеци, секоја компанија ќе го заврши својот концепт на летала, а НАСА ќе одлучи кој прототип на летало прво ќе биде тестирано.

 

 

Scroll to Top