Беки Вилијамс со нејзиниот сопруг Бранан се изненадиле кога во породилната соба, влегле двете медицински сестри, кои биле близначки, Тара Дринкард и Тори Хауард. Тие се зачудиле затоа што и самите чекале блзнаци.
„Беше неверојатно. Медицинските сестри кои беа близначки ни помогнаа да ги добиеме нашите близнаци. По породувањето Тара се грижеше за мојата сопруга Беки, а Тори ја надгледуваше малата Ема во инкубаторот“, изјавил Бранан.
Тара и Тори заедно го минале целиот живот во болницата. Двете велат дека шансите да се погодат во иста смена во болницата и на исто место биле многу мали. Уште поневеројатно е тоа што и двете не знаеле дека на свет ќе донесат нови близнаци.
„Бев возбудена затоа што во тој момент и помагав на мојата сестра при породувањето. Не ми падна на памет дека бебињата кои ги породи беа исто така близнаци“, изјавила Тори.