Блогерката Нвандо од САД, која живее во Белград, во едно од видеата на својот Јутјуб канал кажува за шестте причини зошто ја сака Македонија. Таа на почетокот од видеото кажува дека досега ја има посетено нашата земја четири пати и дека е една од нејзините најомилени дестинации.
Шес причини зошто ја сака Македонија:
1.Македонија е убава земја, за пешачење, планинарење, прошетки со природни убавини .
2.Луѓето во Македонија се прекрасни. Особено за луѓе кои патуваат сами. “Овде во Македонија луѓето ги третираат посетителите како личности.” , вели таа
3.Друга причина зошто ја сака Македонија е затоа што луѓето не се зафркаваат со Кирилицата како азбука. Сите знаци, сите билборди, сите натписи на продавници се на кирилица, што за некој странец е вчудоневидувачко, но она што треба да го направи истиот тој посетител е тоа да го прифати, вели таа.
4.Македонија е особено интересна земја со богато културно, етничко и разновидно богатство.
5.Цените во Македонија кои се евтини се за сечиј стандард и вкус.
6. На крајот ја спомнува храната, која според Нвандо е најдобрата која ја пробала во животот.