Боб-фризура за оваа есен

Стилистите ја препорачуваат витканата боб-фризура како најхит за оваа сезона.

„Ако сакате да сте ин, времето за промени е сега, пред студените денови“, велат тие.

Кратката боб-фризура добро им стои на голем број девојки, без разлика на формата на лицето или бојата на косата. Најважно од се е да отидете на добар фризер кој ќе ви направи совршен боб.

Боб-фризура веќе имаат Бела Хадид, Оливија Кулпо, Емили Ратајковски, Дуа Липа и Роси Хантингтон Вајтли.

Scroll to Top