Бохо кошули од 70-тите за оваа пролет

Кошулите и памучните блузи со бохо мотиви претстојната сезона ќе бидат стилско освежување што ќе се вклопи во тенденциите што го носат духот на 70-тите години.

Впрочем, влијанието на 70-тите години како една од омилените модни декади е присутно речиси секоја сезона, преку различни осовремени варијанти на нивната стилска естетика.

Оваа пролет новите сезонски, дизајнерски колекции нудат широка палета на бохо кошули со етно детали, со акцент на везените мотиви и опуштените и комотни кроеви.

Како такви, идеални се за комбинирање со панталоните со „ѕвонест” крој или џинсот со висока половина, што исто така се современа реплика на стилот од 70-тите години, а надополнети со шапка, мини чанта со реси и пролетни чизми до глужд.

Scroll to Top