Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов потврди дека е заразен со коронавирус. По две тестирања, се покажало дека тој е позитивен на Ковид-19. Премиерот во моментов се наоѓа на домашно лекување.
Тој уште во саботата изјави дека е во самоизолација, откако бил во контакт со заменик министерот за градежништво, Николај Нанков, кој исто така бил позитивен на тестот за корона.
Од Регионалниот Здравствен Инспекторат во Софија, соопштиле дека е укинат задолжителниот карантин на Борисов, затоа што тој два последователни дена имал негативни тестови на Ковид-19.