Бранови до два метри во Охрид

Силен ветар го погоди Охрид денеска и го разбранува Охридското Езеро предизвикувајќи бранови високи и до два метри.

Водостојот на езерото е висок. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи уште од вчера нивото е три сантиметри над дозволениот максимален водостој.

Според коментарите на социјалните мрежи, дошло и до поплавување кај дел од објектите што се наоѓаат на крајбрежјето.

Scroll to Top