Братот на Мараја Кери ја тужи пејачката за клевета

Морган, постариот брат на Мараја Кери, ја тужи пејачката за клевета и намерно нанесување емоционална болка оти во нејзината автобиографија злонамерно изнела невистини. Морган Кери тврди дека книгата лажно сугерира дека тој бил насилен.

„Морган ја почна оваа постапка повеќе од тага и разочарување од предавството и злонамерните лаги на својата сестра отколку од лутина за ваквите наводи. Тој во никој случај не ѝ завидува на огромниот уметнички и личен успех и секогаш ѝ посакувал добро“, пишува во документите што ги објави „Варајети“.

Морган остро се спротивставува на некои делови од книгата во кои пејачката пишува за насилна пресметка меѓу него и нивниот татко и дека тој бил сместен во ментална институција кога бил помлад. Мараја во книгата пишува дека никогаш не се чувствувала безбедна во близина на својот проблематичен брат поради неговиот непредвидлив бес.

Поп-sвездата ги објави мемоарите „Смислата на животот за Мараја Кери“ лани во септември.

Scroll to Top