Британка починала од коронавирус во болница, лежејќи покрај ќерка ѝ

Седумдесет и шестгодишната Марија Рико од Британија, починала од короанвирус, лежејќи во болнички кревет покрај нејзината ќерка Анабел Шарма.

Рико ја тргнала маската за да може да зборува со своите две ќерки за последен пат. Ја тргнала маската за кислорот, иако знаела дека тоа ќе ја забрза нејзината смрт.

„Мајка ми почина половина час откако ја тргна маската за кислород. Беше свесна дека тоа ќе биде за неа крај и дека нема многу време да биде со нас. По пет минути разговор, мајка ми ја изгуби свеста. Ни кажа дека не се плаши. Ни кажа да се бориме силно за нашите деца“, изјавила Шарма.

Шарма објаснила дека ѝ било тешко да се прости од мајка си, но вели дека е среќна што не ја оставиле со сестра ѝ Сузана сама во последните моменти. Сузана исто како и сестра ѝ добила дозвола да присуствува во последните моменти со мајка ѝ. Таа носела заштитна опрема.
„Ја држевме за рака до нејзиниот последен здив. Единствената утеха ми е дека можевме да бидеме покрај неа во тие моменти“, додаде Сузан.

Тие ја објавиле нивната последна заедничка фотографија и упатиле апел до сите за да ја подигнат свеста за опаноста од коронавирусот. Тие јавно порачаа дека сите треба да ги почитуваат мерките и препораките кои ги даваат здравствените власти против ковид 19.

Scroll to Top