Британскиот рок-бенд „Пласибо“ ќе биде главна ѕвезда на фестивалот „Скопје гори“, што ќе се одржи на 25 јули на стадионот на АРМ во Градски парк. Ова ќе биде втор настап на „Пласибо“ во Македонија.
Организаторите „Авалон продукција“ открија дека ова ќе биде единствен настап на рок-бендот во регионот, а дека стадионот на АРМ максимално ќе може да прими 6.000 посетители. Влезниците по цена од 1.500 денари (партер) и 1.990 денари (фан пит) ќе бидат пуштени во продажба утре. Тие дополнително ќе објават кој друг ќе настапи на фестивалот.
„Пласибо“ е основана 1994 година и досега има снимено седум албуми, од кои последниот излезе пред седум години.