Британските ученици од сега ќе носат здолништа

Учениците во Британија од сега во училиште ќе одат со здолништа. Вавквата одлука била донесена од школските управи со цел трансродните ученици да не се се чувствуваат обесправени.  Според Законот за еднаквост, училиштата имаат обврска да ги заштитат трансродните ученици од дискриминација.

Тие ја воведоа новата политика кога владината организација „Офстед“, задолжена за одржување на образовните стандарди, утврдила дека униформната политика на училиштето Chiltern Edge била неадекватна.

Воведувањето на новата политика дошла кога училиштето било обележано како проблематично од страна на невладината организација.

Директорката на училиштето, Моира Грин, изјавила дека со поддршка на родителите управата во училиштето донела одлука да се воведе нова формална облека. Од управата на училиштето Maiden Erleght Trust исто така се подготвуваат од септември годинава да ја следат ваквата политика на облекување.

На родителите на хетеросексуалните ученици им било соопшто дека, ако сметаат дека нивните деца би се чувствувале незгодно во здолниште, во тој случај може да носат сако и панталони.

Децата не смеат да носат куси панталони затоа што тие не се дел од школската униформа. Ова го добил како одговор еден од родителите кој прашал за промените на дрескодот во британските училишта.

Засега од владината организација „Офстед“ немаат одговор дали новиот дрескод, кој се воведува во училиштата во Британија ќе важи и за спортистите.

 

 

 

Scroll to Top