Чанта инспирирана од „Сексот и градот“ хит за оваа пролет

Во последно време ова е еден од најпопуларните модели на торби багет стекна популарност и свое име благодарение на една епизода во серијата „Сексот и градот“ кога Кери Бредшо рече за својата чанта Фенди: „Ова не е обична торба, тоа е багет!“ Помина многу време од емитувањето на таа епизода, но името и понатаму важи.

Торбата багет од брендот Манго е долгнавеста со кратка дршка. Најчесто се носи под рака. Токму овој модел стана вистински хит меѓу инфлуенсерите на Инстаграм. Во текот на деведесеттите овие торби ги носеа најголемите икони на поп-културата, Мадона, Елизабет Тејлор и Бритни Спирс.

Овој необичен модел се врати во мода на последната кампања на модната куќа Фенди, која го освежи својот водечки модел на оваа торбичка. Многу високи улични брендови биле инспирирани од италијанската модна куќа. Зара, Бершка и Х&М ги имаат во својата понуда, но токму Манго го претстави моделот кој жените ширум светот го засакаа.

Торбата која го освои Инстаграмот се карактеризира со мала величина, кратка рачка и сребрено закопчување. Моделот е прицврстен со посебен магнет, а торбичката е изградена од материјал прекриен со кафен принт.

Погледнете како инфуенсерките на Инстаграм ги носат овие модерни торбички.

 

Scroll to Top