Десетина работници попладнево ги отстрануваа буквите од аеродромот, односно името „Александар Македонски“. На нивно место ќе се појави „Меѓународен аеродром Скопје“.
Автопатот Е-75 и аеродромот во Петровец и официјално добија нови имиња, откако беа објавени одлуките во Службен весник.
Автопатот „Александар Македонски“ сега се вика „Пријателство“. Одлуката за преименување на автопатот и на аеродромот беше донесена на седница на Владата.