Четиригодишно дете стана најмладиот диџеј во светот

Четиригодишниот Арчи Норбери, познат како диџеј Арчи, е најмладиот клупски диџеј во светот. Тој за да го урне рекордот поставен Гинисовата книга на рекорди, на возраст од четири години и 130 дена, морал да настапува без ничија помош половина час пред публика од најмалку 20 лица. Тој рекордот го урна во клуб во Хонг Конг, а присутните рекле дека се воодушевени од неговиот настап.

Претходно, оваа титула ја имаше диџејот Арч Јуниор, кој во моментот кога стана најмладиот диџеј на светот, во 2017 година, имал пет години и 38 дена.

Инаку, Арчи е роден во Дубаи, а од неодамна живее во Хонг Конг со семејството. Тој пушта музика на три години, поттикнат од својот татко Џон Норбери, кој исто така е диџеј.

Scroll to Top