Аукциската куќа „Џи-ви-ес“ соопшти дека на 26 мај ќе организираат аукција на која ќе бидат понудени повеќе предмети што му припаѓале на Мајкл Џексон. Меѓу нив ќе бидат и специјалните чевли што Џексон ги носел во спотот за песната „Били Џин“ во 1983 година. На аукција ќе бидат понудени и неговиот црвен кардиган од „Диор“ и кацига со кристали „Сваровски“.
Ова не е првпат предмети од имотот на поп-ѕвездата да бидат понудени на продажба. Во 2011 година мебелот од неговиот дом во Калифорнија на аукција на „Џулиен“ беше продаден за милион долари.