Чичолина остана без доживотната пензија

By

Поранешната порно-ѕвезда и поранешен член на италијанскиот парламент, Илона Сталер позната како Чичолина, остана без доживотната пратеничка пензија. Таа на државата не ѝ платила данок од 100.000 евра, заради што судот решил да ѝ ја замрзне сметката.

Сега, 66-годишната Чичолина ќе бара одговорност од лицата заради кои ја изгубила пратеничка пензија. Нејзиниот адвокат, Лука ди Карло дал изјава за новинарите, во која рекол дека сметката ѝ била блокирана во банкарскиот оддел на италијанскиот парламент, ама дека одлуката е нелегална, затоа што доживотните пензии не можат да бидат запленети или конфискувани.

Чичолина е ќерка на полицаец од Унгарија. Како дваесетгодишна девојка се пресели во Италија и почна да снима порно-филмови. Во 1987 година влезе во италијанскиот парламент, како член на Радикалната партија.

Ќе ви се допадне