Човек облечен како Џејмс Бонд изведуваше акробација на огромна височина на Лондонско око

Човек облечен како Џејмс Бонд изведува акробација на огромна височина на Лондонското око. Каскадерот, во стилот на тајниот агент, носи смокинг и виси стотици метри над земјата. Фотографијата е направена неспоредно пред светската премиера на 25-тиот филм за авантурите на Џејмс Бонд, во кој последен пат во главна улога може да се види Даниел Крег. Крег глуми во пет филма од серијалот за британскиот агент. Филмот „Не е време за умирање“ од денеска е во кината.

Scroll to Top