„Човек, ѕвер и доблест“, нова премиера во Театар Комедија

By

Во Театар Комедија привршуваат подготовките за последната премиера за оваа година, претставата ,,Човек, ѕвер и доблест“ од Луиџи Пирандело, а во режија на култниот режисер Егон Савин.

Егон Савин веќе подолго време нема потпишано своја режија на сцената на македонскиот театар. По перфектните режии на двете претстави ,,Злосторство и казна“ и ,,Лаж и Паралаж“, по речиси дваесетина години, месецов Савин ја заокружува и својата трета режија како гостин во земјава, овој пат на најновата комедија во Театар Комедија.

Во претставата играат Атанас Атанасовски, Сашо Ристовски, Сашка Димитровска, Жарко Димоски, Ева Скендеровска, Тони Денковски, Жаклина Стевковска и Кристина Ласовска.

Претпремиерата е закажана за 22 декември (недела), премиерата е на 23 декември (понеделник), додека љубителите на комедијата првата реприза ќе можат да ја погледнат на 24 декември (вторник), со почеток во 20 часот.

Од управата јавуваат дека билетите веќе одамна се пуштени во продажба, а за овие термини се останати уште само неколку карти.

Ќе ви се допадне