Чувар уништил слика од 750.000 долари: Му било здодевно, па им нацртал очи на фигурите

Чувар во уметничка галерија во Екатеринбург, Русија, оштетил слика вредна над 750.000 долари, бидејќи му било досадно за време на неговата смена на првиот работен ден. Тој го уништил делото Three Figure од уметницата Ана Лепорскаја, направено во периодот 1932-1934 година, цртајќи им очи на трите фигури со пенкало.

Галеријата не го откри неговиот идентитет, кој наводно има околу 60-тина години и работи како обезбедување во една приватна компанија. По индцидентот, тој веднаш бил избркан од работа, а полицијата отворила истрага за вандализам во врска со случајот. Можно е тој да добие висока парична казна.

Ланскиот декември двајца посетители ги забележале новите очи на сликата, по што таа била испратена кај експерти кои успеале да ги отстранат очите без да го оштетат делото. Реставрацијата на сликата чинела над 2.500 евра.

Уметницата Лепорскаја е родена во 1900 година, а починала во 1982. Била ученичка за познатиот руски артист Казимир Малевич, а соработувала со многу звучни имиња од областа на уметноста. Голем дел од нејзините дела се наоѓаат во колекцијата на Рускиот музеј во Санкт Петербург.

Scroll to Top