Да ѝ помогнеме на 2-годишната Софија да го победи туморот на ‘рбетот

На 22-месечната Софија Караманолева од Струмица во март оваа година ѝ е дијагностициран тумор на ‘рбетниот мозок. Во јуни таа е успешно оперирана во Скопје, а интервенцијата ја покрил Фондот за здравство на РМ. Туморот, кој е високомалиген, од четврта група неодамна повторно се врати и се шири бргу. Според лекарите, Софија не може повторно да се оперира, ни да се лечи со хемотерапија, туку со зрачење. На нејзините родители им требаат 28 000 евра за да ја одведат Софија на лекување во Истанбул, Турција, и бараат помош од граѓаните за да соберат пари со кои ќе го платат зрачењето.

Родителите отвориле сметка за донации и телефонски број од Т-mobile. Сите што се во можност да донираат, тоа можат да го направат на следните сметки:

Денарска: 300-0310000039-29

Девизна: IBAN –MK07300307064771533

SWIFT- KOBSMK2X Комерцијална банка

Или на телефонот за донации 070 143 121

Scroll to Top