Дали Тито и покрај забраната е единствениот кој запалил цигара во Белата куќа?

Јосип Броз Тито бил државник од светски калибар, и плодно дло за многу митови и легенди. Повеќето настанале поради неговиот начин на живот и текот на последните децении на постоење на СФР Југославија, но има и некои вистинити, кои се јавуваат дури и денес. Една е поврзана со неговото пушење во Белата куќа.Југословенските народи имале во 20 век неколку државници од европско ниво, меѓу кои посебно се истакнуваат Никола Пашиќ и кралот Александар I Караѓорџевиќ, но постоел само еден државник од светски глас и калибар, човек кој стоел рамо до рамо со најмоќните луѓе на планетата.Во прашање е Јосип Броз Тито, доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Тој човек, кој многумина денеска го оспоруваат, луѓето можат да го сакаат или да го мразат, но да кажат дека не бил историска громада и во свое време, еден од највлијателните глобални лидери, не можат.

Луѓето на Балканот сакаат во се да претеруваат и да измислуваат. Не е доволно тоа што Тито објективно бил тоа што бил, па морал да биде и повеќе од тоа, па така не го заобиколиле ни создавањето на митови и легенди за него.

Култот за личноста на Броз бил систематски граден во време на власта на Сојузот на комунистите, што во периодот додека живеел, што по неговата смрт, па дури и четврт век по крајот на „социјалистичката татковина“, и понатаму постои тло за нови „вистини“ за Тито, за нови приказни кои се појавуваат од никаде, а кои по автоматизам слепо им се верува, затоа што, сепак Тито бил Тито и ниту една бајка за него не е невозможна.

Така пред неколку години на интернет почнале да кружат интересни фотографии, на кои Јосип Броз седи покрај тогашниот претседател на Соединетите Американски Држави Ричард Никсон, и пали цигара, пратен со буден поглед на својот домаќин.

Поблиската анализа на оваа слика го открива нејзиното реално историско значење и големина на провокација.

Југословенскиот претседател ја запалил кубанската цигара (затоа што нив само ги пушел), за време на Студената војна, во период на непоминати ни 10 години од Кубанската криза, среде Белата куќа, среде Америка, која Куба ја држеше под санкции и во која легално кубанските цигари не се можело да се купат, а Никсон ништо не смеел да му каже.

Самиот тој чин требало да биде доволен да ја илустрира моќта, влијанието и големината на Јосип Броз Тито. Но, не и на нас. Што повеќе, тој контроверзен аспект на оваа фотографија (толку контроверзен, да поконтроверзен и не може да биде), воопшто не е пропратено со „народското“ објаснување на самата фотографија, туку се вели дека забраната за пушење во Белата куќа е воведено уште во 1964 година по што „никој, но буквално никој во тоа здание не запалил цигара“, освен Тито, кој можел да прави што сака, затоа што никој не смеел ништо да му каже, најмалку самиот Никсон.

Има ли во тоа вистина? Нема, ниту едно зрно. Во тоа време, никаква забрана за пушење не постоела во Белата куќа, што повеќе, многу американски претседатели пред Никсон биле страствени пушачи, како и некои од првите дами (Елеонора Рузвелт е првата меѓу нив која почнала отворено да пуши во Белата куќа: обичај бил до тоа време, да некоја вечер мажите да се повлечат во Зелената соба на цигара и бренди, а жените во Црвената соба; пушењето се сметало за прерогатив кај мажите, нешто што госпоѓа Рузвелт го доживувала како сексизам, па почнала да пуши во Црвената соба).

Но, бидејќи се вели дека строгата забрана на пушење е воведена во 1946 година, да се концентрираме на периодот по Втората светска војна, затоа што само тој период е релевантен.

Хари Труман, кој баш тие години бил шеф на Белата куќа, не бил пушач, што би можело да биде изворот на оваа приказна; се вели дека еднаш добил писмо од човек кој собирал остатоци од испушените цигари, од славните луѓе, барајќи ја неговата, па во одговорот му напишал дека не може да му излезе во пресрет затоа што само еднаш како дете пробал да пушти од амбарот во Иднипенденс (неговиот роден град во Мисури), но татко му го фатил и така го казнил што никогаш повеќе не му паднало на памет да го повтори ваквото дело.

Двајт Ајзенхауер бил страствен пушач, како и Линдон Џонсон. Џон Кенеди престанал да пуши цигари пред својот мандат, но не се откажал од тутунот во целост туку само се префрлил на луле и цигарилос, додека неговата сопруга Џеки била екстремен пушач (палела цигара по цигара).

Џералд Форд исто така понекогаш пушел луле, а за Никсон не постојат општи информации; некои велат дека го ставил пушењето пред претседателството, додека од Музејот на тутунска уметност и историја во Нешвил, тврдат дека само се префрлил на цигарите (неговата сопруга Пет, пушела цигари, дури и во јавните ресторани).

Така што, секоја приказна за забрана на пушењето во Белата куќа во таа доба била бесмислена, затоа што, не само што не постоеле никакви историски поткрепи на ваквите тврдења, туку сосема спротивно, постојат еден куп докази дека пушењето било норма. Притоа  слободно може да кажеме дека оваа лага, била спротивна на навиките на повеќето тогашни шефови на Белата куќа и повеќето од самиот персонал.

Необичната реакција на Никсон на палењето на кубанската цигара на Тито може да биде сватено двосмислено: Од една страна, може да биде доживеано како понижување поради односот Вашингтон и Хавана, а од друга страна може да биде само самоволно набљудување на „забранетото овошје“ (бидејќи љубителите на цигара, не можат да останат рамнодушни што некој во нивно присуство ја пали најдобрата цигара од сите, а тој не смее). Во секој случај, не се работи за тоа дека Никсон гледа и „нема ја**а да му каже дека пушењето не е дозволено“, затоа што било дозволено.

Забраната за пушење во Белата куќа денеска навистина постои, но е воведена дури во 1993 година, од страна на Бил Клинтон, а под притисок на неговата сопруга Хилари. Тоа не му се допаднало, затоа што бил рекреативен пушач на цигари, но морал да се потчине на нејзината воља.

Инаку, сите правила се врзани за Белата куќа и другите работни места во сојузните институции во надлежност на американскиот претседател, освен ако не се законски одредени од страна на Конгресот. Оваа „забуна“ во врска со пушењето во Белата Куќа може да се објасни како „забуна“, а не чиста измислица.

Ваквата приказна за забраната на пушењето во официјалната резиденција на претседателот на Америка нема никаква врска со забраната за пушењето во салата на Претставничкиот дом на Конгресот, која е воведена на 10 јануари 1896 година, ниту за забрана за пушење во салата на Сенатот, која е воведена на 9 март 1914 година. Тие датуми немаат никаква корелација со 1946 година, која се споменува во новиот мит за Јосип Броз Тито.

Интересно е, тоа што постои еден постар мит, кој вели дека Елена Чаушеску, своевремено забранила пушење во официјалната резиденција на тогашниот романски владејачки пар. Кога Тито стигнал во посета и ја запалил цигарата, сите биле во шок, и чекале да видат што ќе направи Елена, а поради тоа што на масата немало пепелник, Тито лежерно ја тресел пепелта на персискиот тепих. Дури потоа, наводно, таа дала знак што побрзо да му се донесе пепелник.

 

 

Scroll to Top