Давид Малиновски со премиерна победа на „Твинго куп“

По доминацијата на Мартин Делев изминатите три трки, вчера на патеката „Ушче“ во Белград триумфираше Давид Малиновски во рамките на „Твинго куп“.

Малиновски до победата дојде со вкупно време од 33:18,951 минути, пред Емил Нацка, кој доцнеше само 0,226 секунди. Место на подиумот имаше и за третопласираниот Слободан Трајковски.

Трикратниот победник сезонава, Делев, во Белград финишираше на четвртото место, додека петти беше Иван Стефановски.

Тројца возачи не ја завршија трката, а тоа се Томас Трајановски, Александар Кочевски и Ангелче Стојковски.

TWINGO CUP продолжува со петтата трка сезонава, што ќе се одржи во Кичево од 20 до 22 септември.

Scroll to Top