Дедо добил премија на бинго, со парите ќе крене надгробен споменик за сопругата

Продавачка на игри на среќа во Србија преку „Твитер“ ја раскажа тажната приказна за дедото што неодамна освоил премија на бинго. Кога дознал дека наместо 19 илјади, треба да добие 129 илјади динари, дедото почнал да плаче од среќа, зашто конечно има пари да го направи споменикот на починатата сопруга.

„Денеска еден дедо дојде да подигне 19.000 динари од бинго. Се воспостави дека наградата е 129.000 динари. Седна и почна да плаче од среќа со зборовите ‘сега ќе можам да ѝ подигнам споменик на сопругата, почина лани во мај’. Сите во продавницата плачевме“, напишала таа на „Твитер“.

Scroll to Top