Дедо Мраз со санката тргна од Лапонија

Дедо Мраз со своите ирваси и санката тргна од гратчето Рованиеми во најсеверната финска област Лапонија со цел неговите подароци да им ги подели за деца во светот.

„Се надевам дека минатата година беше добра за вас. Се разбира, во светот се случија и многу нешта кои би требало да са поинакви. Да се надеваме дека Божик ќе донесе еден кус миг на спокој, во кој светот и луѓето ќе си дадат малку оддишка, минувајќи повеќе време со семејствата и пријателите“, рече Дедо Мраз пред поаѓањето.

Тој беше испратен со песни и танци на неговите помошници, кои му посакаа среќа во долгото патување.

Настанот во студената ноќ на минус 22 Целзиусови степени го проследија стотици луѓе во Рованиеми, каде што и „официјално“ е домот на Дедо Мраз.

Scroll to Top