Дедото што го најде чарето против грипот е од Македонија

Тони, пензионерот од Загреб што го најде чарето за грипот сосе пцуење, е роден во Македонија, пишува хрватскиот портал „24 часа“. 82-годишникот, кој во видеото се претставува како Тони, е всушност Таљат Селмани, роден во гостиварски Вруток. Тони го привлече вниманието на јавноста во регионот со изјавата „Вежбај, пи*ка ти материна“.

Тој открил дека служел војска во Хрватска пред повеќе од 60 години, се заљубил во некоја девојка и решил да остане таму засекогаш. Со девојката се разделиле, но потоа во Загреб ја запознал Нада, со која е во брак и денес. За хрватскиот портал тој открил дека се занимавал со манекенество долги години, а изминатите дваесет е пензионер и води активен живот, па е здрав и витален.

По позитивните реакции на социјалните мрежи, компанија „Вартекс“ од Вараждин му понудила да биде нивни модел и заштитно лице за маички кои ќе го имаат неговиот лик и изјавата што го направи познат.

(Видео) Хрват го најде чарето против грипот, сосе пцуење

Scroll to Top