Времето денска ќе биде претежно облачно, околу пладне и попладне со повремени врнежи од снег со слаб, а во западните делови со слаб до умерен интензитет, информира УХМР. Во вечерните и ноќните часови ќе дува умерен северозападен ветер, кој повремено ќе засилува.
Максималната температура ќе достигне од -4 до 4 степени.
Во Скопје облачно, од пладне со повремен слаб снег. Кон крајот на денот ќе дува умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу -2 степена.
Утре ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, а во следните денови ќе преовладува стабилно време со услови за магла по котлините. Дневната температура од четврток осетно ќе се зголеми, особено на повисоките места и на планините.
Најмногу снег има има на Маврово каде е формирана снежна покривка од 70 сантиметри, Лазарополе – 40 сантиметри, 36 во Крушево и Дебар, 32 во Тополчани и 30 сантиметри на Попова Шапка, Тетово, Охрид.
Најстудено утрово е во Битола каде се измерени -18 степени, потоа -16 Тетово, -15 Прилеп, -13 Берово, -12 Скопје Петровец, Струмица, -10 Скопје Зајчев Рид, Д.Капија, Дебар, Лазарополе, -9 Крушево, -8 Штип, Куманово, Претор, -7 Охрид, Маврово, Гевгелија, -5 Виница, -4 Дојран.