Денес облаци, магла и врнежи од дожд и снег

Времето изутринава е облачно, во Полошко и Струмичко со магла, а магливо е и во делови од Скопската Котлина. На делот од Светиниколско преку Штип до Демир Капија дува умерен југоисточен ветер. Врнежи од дожд имаше преку ноќта во Охрид, а утринава врне во Претор.

Во текот на денот ќе биде облачно и не многу студено, а првите врнежи ќе почнат претпладне од југозапад и ќе се почесто од снег. Потоа врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, но ќе се повеќе од дожд, а само на планините ќе бидат од снег. Врнежите ќе се поинтензивни на југоисток и исток, а ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаба магла наутро, а од попладне со повремени врнежи од дожд поинтензивни и преку ноќта. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Во следните денови поради циклонска активност со центар во јужните делови на Европа ќе има повремени врнежи од дожд и снег на пониските места, а само од снег на планините. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено утре попладне и во текот на ноќта (на југоисток над 25л/м2), како и во ноќта кон петок и петок кога врнежите ќе бидат претежно од снег.

Scroll to Top