Девет лица се изгубиле во густата магла на Попова Шапка, ги спасувала полицијата

Полициски  службеници од Попова Шапка и екипи од „Елем Турс“ денеска спасувале девет лица од Тетово, Скопје, Куманово и Косово кои се изгубиле поради густата магла.

Дека не знаат каде се, први пријавиле двајца тетовци на возраст од 15 и 19 години. Тие утрово во 10.30 часот побарале помош во СВР Тетово. Кажале дека биле во близина на новиот ски-лифт, каде се искачиле да скијаат, но потоа се загубиле во густата магла.

Деветте лица на возраст од 15 до 45 години, околу 12.30 часот се безбедно вратени.

Scroll to Top